Невкусно покачување на платите на функционерите за дури 78 проценти

Повисоки плати за функционерите – луксуз во време на криза

Бројни реакции по одлуката на Уставниот суд: претседателот Стево Пендаровски бара да се стопира зголемувањето на платите на функционерите, Муцунски најави дека ќе ги донира средствата.

Уставен суд

Повисоки плати за функционерите – луксуз во време на криза

ДТЗ
пред 50 минути

Бројни реакции по одлуката на Уставниот суд: претседателот Стево Пендаровски бара да се стопира зголемувањето на платите на функционерите, Муцунски најави дека ќе ги донира средствата.

https://p.dw.com/p/4PWZJ

Судиите се „почестија“ себе си и останатите функционери со повисоки плати, предизвикувајќи бројни реакции и незадоволство во јавноста. Додека здравствените работници добија ветување за зголемување на месечните примања од 2.000 до 3.000 денари, а незадоволството расте во сите останати сектори поради долгата криза и инфлацијата којашто ги „изеде“ платите, Уставниот суд со одлука за укинување на два члена од Законот за плата и надоместоци на функционерите, овозможи зголемување на платите на државните функционери за 78 отсто. Со одлуката се опфатени и уставните судии, но и платите на премиерот, претседателот, собранискиот спикер и сите вршители на јавни функции. Повисоки плати од идниот месец треба да „легнат“ и на сметките на заменици министри, градоначалници, директори во државни фирми и агенции.

Невкусно е да се покачат платите

Претседателот Стево Пендаровски експресно реагираше и ја повика Владата да најде законско решение со цел да не се реализира покачувањето на платите на функционерите. Според него, во овие кризни времиња невкусно е да се покачат платите на функционерите и затоа порачува владата да најде законски начин и истото да го спречи. Шефот на државата со најавеното покачување би добивал плата од речиси 2.500 евра.

Според пресметката на  на Синдикатот на управа, правосудни органи и здруженија на граѓани (УПОЗ).УПОЗ, со оваа одлука на Уставниот суд, платата на претседателот од 93.000 денари ќе стигне до 165.000 денари. Платите на премиерот, Димитар Ковачевски и на претседателот на Собранието, Талат Џафери, ќе се зголемат на околу 2.500 евра. Месечните примања на министрите, пак, ќе изнесуваат околу 1.800 евра. Другите функционери и судиите околу 1.600 евра.

Целиот текст ОВДЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *