Неверојатно: Авион за Хаваите полетал во 2018-та, а слетал во 2017-та година

Новозеландски патници кои тргнале да ја прослават новата година на Хаваи имале луда ситуација да полетаат во 2018, а да слетаат во 2017 година.

Летот 466 на „Хаваијан ерлајнс“ требало да тргне одОкленд, главниот град на Нов Зеланд, на 31 декември, во 23.55 часот по локално време, но дошло до непланирано одложување од десет минути.

Поради тоа, авионот полетал за Хонолулу во новата година, пет минути по полноќ на 1 јануари.

Бидејќи Хаваи се наоѓаат на другата страна од меѓународната линија на датуми, Хонолулу е временски 23 часа зад Окленд, па по осумчасовен лет, авионот пристигнал на својата дестинација кога таму сѐ уште беше 2017 година, во 10.16 часот.

Оваа необична ситуација била забележана од новинарот од Вашингтон, Сем Свини, кој ги објавил податоците за летот на Твитер.

Leave a Reply

Your email address will not be published.