Невакцинираните деца нема да можат во градинка – епидемија на голема кашлица во Скопје

Загрижувачкиот раст на нови случаи со пертусис, причина за прогласување на епидемија на голема кашлица во Скопје. Комисијата за заразни болести со препораки до Министерството за здравство да се забрани деца кои не се вакцинирани или делумно вакцинирани да посетуваат градинка. Досега регистрирани се 18 случаи со пертусис или голема кашлица во земјава.

Се препорачува и вакциналните пунктови да работата во две смени и во сабота.

Во меѓувреме е потврден нов случај на голема кашлица кај четиригодишно дете, хоспитализирано на Универзитетската детска клиника, кое е вакцинирано, но има хронична болест

Медицинските лица со апел да се вакцинираат децата и препорачаните мерки се во насока да не дојде до поголемо ширење на пертусис на целата територија на државата.

Според професорот Петличковски, во моментов има доволно тестови за голема кашлица во Институтот за јавно здравје, во Центарот за јавно здравје и на Инфективната клиника.

Во врска со наводните информации на граѓаните дека циркулираат лажни потврди за вакцинација на деца, за да можат да бидат запишани во градинките, надлежните предупредија дека ќе бидат засилени контролите на вакциналните картони.

Извор: Телма

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *