НВО “Надеж” од Македонска Каменица дел од проектот “Јас сакам да се вратам дома”

„Јас сакам да се вратам дома“ е проектот преку кој НВО организации ќе ги истражуваат можностите на Делчево, М. Каменица и Пехчево за да си ги вратат иселениците дома. НВО „Надеж“ од М. Каменица сака да придонесе за сопирање на иселувањето кое зафаќа драматични размери и ги празни овие градови.

  • Нашата цел со проектот е да ги истражиме можностите за нивен повраток,проектот е да се видат неколку сегменти, да се видат можностите што ги нуди локалната самоуправа за враѓање на иселениците,програмите на Агенцијата за вработување и нивната искористеност од страна на иселениците,но секако и да се видат условите за инвестиции во земјоделството како и начинот за пренесување на искуството од аграрот од западноевроспките земји овде кај нас, кажа Влатко Ситновски, НВО „Надеж“-М.Каменица.

Проектот ќе се реализира 4 месеци, а ќе се анализира и што прави државата и општините за да си ги вратат назад иселените, но и ќе се анкетираат иселеници за да се слушне нивниот глас .

  • Ние сакаме да направиме едно истражување преку кое ќе добиеме релевантни показатели кои се причините за честите миграции во Источна Македонија, на тој начин ќе дадеме информации на самите институции да подготват подобри програми, да бидат потранспарентни и поефикасни и поефективни во своето работење. Сметам дека на тој начин ќе добијат информации и самите иселеници кои с еподобностите кои ги нудат државата и општините за нивно враќање, рече Зоран Биковски, НВО КХАМ- Делчево.

Ова не е прв пат да се прави анализа на причините за иселувањето во регионот. Пред две години НВО Амброзија ги стави во документ причините за иселувањето, но реакција од надлежните се уште нема.

  • Нашето истражување покажа дека најголема причина за иселувањето се ниските плати, невработеноста политизацијата и немањето квалитетен културен живот во малите средини, истакна Ана-Марија Теохарова, НВО Аброзија – Пехчево.

Точна бројка колку се иселени од овој регион нема, а проектот „Јас сакам да се вратам дома“ поддржан од Цивика мобилитас, треба и да одговори на ова прашање.Резултатите од анализите ќе се достават до општините, државните органи, но и политичките партии.Проектот е поддржан од Цивика мобилитас со околу 350 илјади денари.

Извор: СтарТВ – Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *