На 10. Јули започнува најголемиот ноќен турнир во мал фудбал КАМЕНИЦА КУП 2023. Наградата за победниците изнесува 111.111 денари

Македонска Каменица, 28. Јуни 2023 година – На 10. Јули 2023 година во Македонска Каменица започнува најголемиот ноќен турнир во мал фудбал КАМЕНИЦА КУП 2023. Богат награден фонд за победниците, со многу интересни содржини, забава и награди за публиката.

Сакам да ја искористам приликата, со големо задоволство да го најавувам првиот Ноќен турнир во мал фудбал КАМЕНИЦА КУП 2023 кој ќе започне на ден 10.07.2023 година. Турнирот во мал фудбал ќе се оджува во новиот спортски комплекс во Македонска Каменица. Во оваа прилика сакам да го најавам богатиот награден фонд и големиот број на награди за публиката и младите категории преку разни забавни игри, зачинет со неколку музички настани, – изјави организаторот на турнирот, Адријан Мицевски

 

За победниците на турнирот се предвидени богати парични награди, и тоа 111.111 денари за прво место, 55.555 денари за второ и 33.333 денари за трето место. Ќе биде прогласен најдобар стрелец, најдобар играч и најдобар голман на турнирот. Екипите можат да го пријават своето учество до 08. Јуни, а ждребувањето е закажано за 09. Јуни 2023 година. Котизацијата за учество на турнирот изнесува 5.000 денари.

 

 

Како што додава Мицевски, покрај натпреварите на турнирот, со свои музички точки ќе настапи и КУД „Вера Јоциќ“, како и ревијален натпревар на многу поранешни фудбалери и легенди на ФК Саса. Предвиден се натпревари на младите и детските категории од Фк Саса, – додава Аријан Мицевски

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *