На светот му се заканува катастрофа – Екстремно се топи мразот на Гренланд

Околу 3,5 трилиони тони мраз стопен на Гренланд во изминатата деценија го подигна нивото на морето за еден сантиметар и го зголеми ризикот од поплави ширум светот, предупредува новата студија објавена во понеделникот. Ледената покривка на најголемиот остров во светот содржи доволно замрзната вода за да го подигне нивото на океаните за шест метри на планетата, а фреквенцијата на екстремно топење на таа област расте во последните 40 години.

Иако Гренланд е едно од местата во светот кои климатолозите најмногу ги проучуваат, студијата објавена во понеделникот е прва што користи сателитски податоци за откривање на истенчувањето на ледената покривка. Според списанието Nature Communications, во изминатите четири децении губитокот поради топењето е зголемена за 21 отсто. Одмрзнувањето е доволно за да се подигне нивото на океаните и да се предизвикаат поплави во крајбрежните делови на светот

Според Европската вселенска агенција, ледената покривка изгубила 3,5 трилиони тони мраз од 2011 година, со што се произведува доволно вода за да се подигне нивото на светските океани и да се одржат крајбрежните заедници во висока готовност поради опасноста од поплави. Една третина од изгубениот мраз во последната деценија се случи во изминатите две топли лета – 2012 и 2019 година.

Текстот во целост на ММС.МК

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *