На кратко за Јаков од Камена Река, денешна Македонска Каменица

jakov-od-kamena-reka

Јаков од Камена Река
Јаков бил роден и живеел во 16 век, во Камена Река 
(Македонска Каменица).

Toj во својот ‘‘Часослов’’ во 1566 г. Напишал:
„… Изидох от Македоние отч’ства моего …”
(Појдов од Македонија, татковината моја …)


Јаков од Камена Река бил македонски свештеник и писател кој живеел во 16-тиот век. Тој е роден во местото наречено Камена Река, (денешна Македонска Каменица).

Во 1566 година напишал книга наречена Часослов. Она што е импресивно и важно за оваа книга е прекрасен опис на неговото родно место и неговата татковина – Македонија. Тој напиша:

„Роден сум во Камена Река, во близина на големите Осоговски Планини… Моето почитувано свештеничко семејство на оваа древна земја живее веќе долго време…

…Ја оставив Македонија, мојата татковина зад мене и дојдов во Венеција…“

јаков

Најверојатно малкумина имаат некогаш слушнато за ова име и знаат што се крие зад ова име и презиме.
Јаков од Камена река всушност е првиот македонски печатар. А зад топонимот Камена Река се крие денешното име на нашиот град, Македонска Каменица.

Јаков потекнувал од свештеничко семејство. Во обновената печатница на Божидар Вуковиќ во Венеција отпечатил часослов на црковнословенски јазик во 1566 година, украсен со илустрации, знаменца и вињети. Од предговорот на испечатениот „Часолов“ во Венеција кој дури кон средината на 20 век беше пронајден во едно охридско семејство кое со години го чувало  како семејна реликвија се дозна за името и делото на Јаков од Камена Река, што зборува за возвишеноста на македонската култура и ученост на Македонците.

Во поговорот на „Часословот“ испечатен во Венеција- 1566 година стои:

“По волјата  и со поттик на великиот Бог Господ наш Исус Христос се трудев за ова печатење (јас) недостниот и најмал меѓу луѓето, наречен Јаков, што се трудев од многу време и години за ова дело (за да придонесам) кон светите книги. Излегов од Македонија, татковината моја, и влегов во западните земји близу до стариот Рим, во градот Венеција и таму ги најдов старите (печатни) калапи на војводата Божидар (Божидар Вуковиќ од Подгорица, н.б.) кај  сина му Виченцо, од многу време неупотребувани, и почнав да ги печатам овие мали книги, часословци тропари, кондаци, катадневни и псалми вечерни, утрени и часови сите по ред, и свети убрус и пасхалија Кири-лова, и параклис Богопесните Мојсееви, сите овие ги составив за секоја потреба. Заради тоа го молам Бога да ме насрчи (насочи) на ова дело што почнав да го печатам. Мислам да создадам нови копари во кои заедно со божествените книги за слава на тричле-ниот Бог ќе се пеат бездруго во непрестајни песни во светите цркви.

„јас, Јаков, кој што по род и татковина бев од полите на големата Осоговска Планина, близу до Калесискиот град (денешен Ќустендил, н.б.) од местото викано Камена Река, од племе свеш-теничко особено, од таа земја од стари времиња”

Почнав да се печатат овие книги во годината 7074 (т.е. 1566 година, н.б.), месец мај, 15-ти ден, а се завршија во месец август, триесетиот ден, во великолепниот град Венеција.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *