На децата им е потребно малце за среќа

На децата им треба малку за да бидат среќни

Македонска Каменица 21 март 2017 (www.kamenica.mk) – За децата да бидат среќни доволни им се пет позитивни настани во текот на денот, кои ќе избришат се што било негативно.

Европските детски психолози сметаат дека тоа е рецепт за здравје и среќни односи во семејството. И тоа на постарите не би требало да им биде тешко, а експертите предлагаат да го напрвите следново:

– Кога читате весници или сте на Интернет, покажате им на децата смешни видео прилози и слики, прочитајте им интересен текст, многу им значи кога родителите ќе ги вклучат во нивните активности.

– Испратете им од време на време СМС, напишете нешто убаво без прашања и забелешки. Нека бидат свесни дека секогаш мислите на нив.

– Замолете ги да ви помогнат во нешто, за да се чувствуваат како дел од семејниот тим. На пример, заедничко средување на домот и полиците со книги го зајакнува чувството на блискост.

– Интересирајте се за нивните активности, прашајте ги како го поминале денот, што им се случило во училиште, дали нешто ги насмеало или загрижило.

– Знаете што најмногу сакаат, па израдувајте ги со тоа почесто (и чоколадо понекогаш е доволно).

– Спонтано запјете ја омилената песна на вашето дете и продолжете заедно…

– Посакајте им на децата секој ден добро утро и добра ноќ. Убавите зборови создаваат топлина во домот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *