Жителите на Ѕвегорска Река се кренаа на бунт! Општина Делчево им ветила многу, но не исполнила речиси ништо

Петстотини жители од приградската населба Ѕвегорска Река, зимно време се дават во кал, а летно во прашина, но хронично, немаат тротоари и се чуствуваат небезбедни, кога го користат коловозот од регионалниот пат Берво-Делчево за да стигнат до градот.

  • Населбата е заборавена од сите. Децата се срамувата кога ќе излезат одовде зашто се целите со кал, велат овдешни жители.

Ова се само дел од проблемите на жителите од оваа населба градена пред 30 години, а урбанизирана во 2007 година.Нивниот револт е голем, бидејќи се чувствуваат излажани од локалната власт, која уште пред две години најави асфалтирање на улиците со пари од Агенцијта за рурален развој.

  • Газиме кал, треба со опинци да одиме, овде доаѓата само за избори, потоа се забораваат, вели жител на населбата.

Барањата во писмена форма се доставени и до сите надлежни во Општината , а овие луѓе бараат и свикување на итна седница на советот

  • Бараме да се постапи по Законот за градба и да се срушат нелегалните објекти кои не се легализирани, исјави Гордана Поповска.

Жителите на Ѕвегорска Река најавија радикализирање на незадоволството и граѓанска непослушност доколку не им се одговори позитивно на барањата. На нашите прашања во врска со проблемот на жителите , од општината денеска одлучија да молчат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *