НАЈНОВА ВЕСТ ОД ЦУК: Поради обилните врнежи можно е излевање на реките во Кочани

Поради обилни врнежи во кочанско можно е излевање на реките Кочанска и Оризарска

Центарот за управување со кризи (ЦУК) вечерва информира дека поради обилни врнежи, зголемен прелив на брана и повисок водостој на реките Кочанска и Оризарска, можни се излевања на двете реки.

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Штип преку РЦУК Кочани вечерва извести дека во кочанскиот регион има обилни врнежи, а со тоа е згоелемен преливот на браната од акумулацијата Гратче. Зголемен е и водостојот на реките Кочанска и Оризарска.

Водостопанство Брегалница од Кочани пак информира дека поради врнежите што го зафатиле регионот Пониква и општините Kочани, Зрновци и Чешиново-Облешево, при мерењата во 21 часот на браната Гратче е регистрирано и големо зголемување на дотокот од денешните 1,3 метри кубни во секунда на 4 метри кубни во секунда. Со тоа е зголемен и преливот на браната, а и водостојот на реките Кочанска и Оризарска.

„Предупредуваме на внимателност и подготвеност за ваквата можна состојба, бидејќи ако дојде до поголемо зголемување на водостојот на овие реки во кочанско, можни се излевања во долниот тек на реките и поплавувања на земјоделско земјиште, а и дворови во селата низводно“, предупредуваат од ЦУК.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *