НАЈНОВА ВЕСТ: Делчевско каменичката епархија ќе биде предводена од епископ г. Марко, со титула епископ делчевско каменички

Синодот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) денеска ги прифати во својата јурисдикција и им определи епархии и задолженија на четирите архијереји на Православната охридска архиепископија (ПОА) на митрополитот Јован Вранишковски, која на 5 јуни годинава беше припоена со МПЦ-ОА.

Светиот архијерејски синод донесе одлука со која Делчевско каменичката епархија ќе ја предводи епископ г. Марко, со титула епископ делчевско каменички. Седиштето на епархијата ќе биде во манастирот “Св. Богородица Балаклија” кај Делчево.

Крушевско-демирхисарската епархија ќе ја предводи митрополитот г. Јован, со титула митрополит крушевско-демирхисарски; потоа на чело на Дељадровско-илинденската епархија ќе застане епископ г. Јоаким, со титула епископ дељадровско-илинденски. Епископот г. Давид е назначен за викарен епископ на Скопската епархија, со титула епископ дремвитски.

Светата архиерејска литургија се одржа по повод годишнината од врачувањето на актот на Соборот на СПЦ од страна на српскиот патријарх Порфириј на архиепископот охридски и македонски , г.г Стефан со кој СПЦ одобри и упати благослов за автокефалност на МПЦ-ОА, со што се стави крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *