Продолжува стратешкото партнерство помеѓу Мен Енд Маунтен, Пивара Скопје и Пакомак, поддржано од Шпаркасе Банка и Нула Отпад, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во третата по ред еколошка акција – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД.

Годинава, во акцијата за првпат ќе се приклучи и Македонска Каменица, преку Јавното претпријатие “Камена Река”, двете училишта во градот, Здружението на пензионери и останати Еколошки и други организации. Генералка викенд се спроведува во 53 општини и 450 училишта низ државата со повеќе од 16 000 волонтери.
Во рамки на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023 од 12-ти до 14-ми мај, ќе биде собран отпадот од повеќе локации мапирани од страна на ЈП “Камена Река”.
Во изминатите денови, учениците и пензионерите од Македонска Каменица ги повикаа своите сограѓани на масовно учество во акцијата, а директорот на ЈП Камена Река, Влатко Димитровски рече дека за сите учесници има обезбедено опрема за чистење, освежителни пијалоци, оброк и транспорт до локациите за делување на “Сончевите пионери”.

Просторот пред ЈП Камена Река е собирно место за почеток на акцијата. Акцијата започнува во 10 часот.