Најавен прекин во сообраќајот на улица Церска поради изведување на обемни градежни активности

Општина Македонска Каменица објави Соопштение до граѓаните поврзано со времен прекин во сообраќајот на улица Церска поради обемни градежни активности за изградба на истата.

Во известувањето стои дека “на ден 30.04.2022 година (сабота), во периодот од 09.00-13.00 часот ќе има прекин во сообраќајот на улица Церска во Македонска Каменица. Улица Церска е во завршна фаза на градба и потребно е да бидат поставени пропусти во м.в. Грчки дол”.

Од општината се заблагодаруваат за разбирањето од граѓаните, потенцирајќи дека наскоро жителите на село Цера, Стара Каменица, како и сите останати граѓани на Македонска Каменица, ќе можат да се движат по нов и модерен локален пат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *