НАЈАВА: Ликовна изложба на карикатуристот Миро Георгијевски во Дом на култура Македонска Каменица

Во понеделник, на 7 март, со почеток од 13 часот, во фоајето на Дом на Култура – Македонска Каменица ке биде отворена Ликовната изложба на еден од најпознатите македонски и светски карикатуристи Миро Георгијевски со наслов “Корона”
“Миро е еден од најуспешните македонски карикатуристи и добитник на многу признанија кај нас и во светот. Во Кина ја има освоено наградата “Мајстор на карикатура” и е прогласен за еден од стоте најзначајни карикатуристи во светот. Во 2011 година од ЗКМ, Миро е прогласен за карикатурист на годината” – истакна Гоце Стојановски, директор на КИЦ Романса Македонска Каменица

На седмиот Меѓународен загребски салон за автокарикатура во 2013 година, за својата карикатура, Миро Георгијевски е добитник на првото посебно признание.


Стојановски “ја искористи приликата да ги  покани љубителите на карикатурата од Македонска Каменица и регионот да ја посетат ликовната изложба”, истакнувајќи ја потребата за строго почитување на протоколите и мерките за заштита од Ковид-19″.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *