Нашата сограѓанка Ирена Стојковска е дел од македонскиот тим фризери кој замина на престижниот Golden hair Festival во Анталија, Турција

Македонски тим фризери предводени од хуманитарецот Февзи Али на Golden hair Festival во Анталија, Турција

На покана од организаторот од Република Турција, шестмина фризери од Македонија учествуваат на Интернационалниот куп Golden hair Festival во Анталија на кој има учесници од 30 држави.

На натпреварот кој од 28 до 30 ноември се одржува во овој турски град на брегот на Средоземно море, Македонија ја претставуваат Февзи Али, Ирена Стојковска, Саид Есад, Весна Предарска, Снажана Столевска и Катерина Несторовиќ.

– Чест ни е што ја претставуваме нашата држава Македонија и да се натпреваруваме за награди. За жал, многу чекавме спонзори да ни помогнат да заминеме за Анталија, а бидејќи немаше, моравме ние самоиницијативно да заминеме со наши финансиски средства. Иако сме во мал број, само шестмина, горд  сум што имаме волја да се натпреваруваме со големи држави кои дојдоа со голем број учесници. Се за Македонија – изјави Февзи Али за весникот ВЕЧЕР.

Ирена Стојковска скоро две децении има сопствен фризерски салон во Македонска Каменица, каде успешно работи и ја развива својата дејност со втемелена љубов кон работата и грижа за многубројните клиенти од нашиот град и пошироко од регионот.

Јавност го запозна Февзи Али за време на корона пандемијата кога ја почна својата хуманитарна активност да им помага со храна, хигиенски средства и облека на најранливите наши сограѓани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *