Натпревар за избор на најубаво украсено Велигденско јајце во Македонска Каменица

Културно-информативниот центар”Романса”Македонска Каменица распиша Конкурс за избор на најубаво украсено велигденско јајце.

По повод најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, 22.04.2022 година, со почеток од 11:00 часот, пред Светиот храм “Успение на Пресвета Богородица“, ќе се одржи избор на најубаво украсено велигденско јајце.

 

Настанот е во организација на КИЦ “Романса” Македонска Каменица, а истиот е поддржан од општина Маједонска Каменица.

Пријавувањето започнува денес, 14.04.2022 год, а ќе трае до пред почетокот на настанот, петок 22.04.2022 година, 11:00 часот .

Заинтересираните учесници може да се пријават во просториите на Домот на Културата, секој работен ден од 09.00 до 15.00 часот или пред Светиот црковен храм пред почетокот на настанот.

Право на учество имаат само граѓани на општина Македонска Каменица.

Ќе бидат избрани 3(три) најубави декорации на украсени велигденски јајца.Изборот ќе го изврши Комисија формирана со одлука од КИЦ “Романса”.

За најдобрите три украсени велигденски јајца се обезбедени парични награди:

  1. место парична награда во износ од 3000 денари
  2. место парична награда во износ од 2000 денари
  3. .место парична награда во износ од 1000 денари

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2188426788192110&id=100010744307291

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *