Нападнат полициски службеник во Македонска Каменица

Македонска Каменица – На 08.03.2022 полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица ги лишиле од слобода С.И.(30) од с.Саса, Македонска Каменица и Ј.С.(26) од Македонска Каменица.

Наведените лица го нарушиле јавниот ред и мир, а С.И. физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејствија.

По комплетирање на случајот против С.И. и Ј.С. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *