Над 150 дечиња учествуваа во Бадниковата поворка во Македонска Каменица

Македонска Каменица,06. Јануари 2023 година – Еден од најголемите христијански празници – Бадник, денот пред Божиќ, свештенството на храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Македонска Каменица со масовна посетеност го одбележа со Бадникова поворка.

Над 150 дечиња, исполнувајќи ја Божиќната песна „Вечниот Бог“, како дел од Божиќната поворка продефилираа низ улиците во Македонска Каменица.

Линк до ВИДЕО 1 од настанот ОВДЕ

Линк до ВИДЕО 2 од настанот ОВДЕ

На настанот присуствуваше и Градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски кој во соработка со свештенството при Светиот храм на учесниците и сите присутни дечиња им подари 350 коледарски пакетчиња. Исто така, честитајќи им го големиот христијански празник Рождество Христово – Божиќ, градоначалникот Атанасовски заедно со свештенството на сите учесници и присутни им подели Библијата за млади читатели.

Бадниковата поворка, оваа година, се реализира по двегодишен прекин поради воведените мерки за заштита од корона вирусот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *