Надрилекар од Кочани „лечел“ со оксиводород, полицијата му поднесе кривична пријава

СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Кочани и В.П.(55) од Кочани, сопственик и управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ во врска со „надрилекарство“.

Од 2020 година до поднесување на пријавата, второпријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист набавил резервоар за вода (идентичен со тие што се користат во автомобилите), клетка за електролиза и електро полнач, кои ги употребувал како бренер за загревање и за инхалација кај граѓаните, преку вдишување на оксиводородна смеса во гасовидна состојба, која се користела за индустриски цели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *