Во Македонска Каменица се одржа прес-конференција во рамки на проектот „Еднаквоста, носи напредок“ чија главна цел е „Унапредување на родовата еднаквост преку воведување на родово еднакво буџетирање во општина Македонска Каменица“. Носител на проектот е здружението „Надеж – Норе“ од Македонска Каменица, а истиот се реализира со финансиска поддршка од страна на Европската Унија.
-Проектот се реализира во периодот од 15.03.2022 до 15.09.2023 година како под грант на проектот „Низ женски леќи“ кој што во Р.С.Македонија го спроведува Центар за истражување и креирање политики, Ромската асоцијација за жени и млади „Лулуди“, Новинари за човекови права, Рурална Коалиција и Ехо. Финансиската подршка преку добиениот грант е во висина од 248.265 денари, од кои 223.438 илјади денари се средства обезбедени од ЕУ, а 24.827 денари се средства од лично учество на Здружението „Надеж – Норе“ од Македонска Каменица, истакна Мартин Павловски од здружението Надеж-Норе.
Координаторот за еднакви можности меѓу мажите и жените при Општина М.Каменица, Весна Дончевска очекува добри резултати од спроведувањето на проектот и изрази благодарност до каменичкото здружение за добрата соработка, напоменувајки дека за Општина М.Каменица е од огромна важност што е зголемен бројот на жени како учеснички во сите форуми за презентации и конференции, како и учеството на млади луѓе во истите.
Кимет Амет од Ромската асоцијација за жени и млади „Лулуди“ која е директен партнер во проектот „Низ женски леќи“, додаде дека целта на проектот кој е реализиран од 4 партнерски организации е креирање политики и користење на трудовиот аспект во креирањето во буџетите на локално ниво.
-Се работи со 17 општини, во моментот сме во М.Каменица со организацијата која е импелентатор на проектот во период од 18 месеци. Има многу млади и активни млади во самата општина кои се надеваме ќе бидат вклучени во реализацијата на проектот. На целиот тим во проектот им посакувам успешни буџетски програми во самата Општина, рече Амет.
Како дел од спроведувањето на проектот предвидени се работилници со четири фокус групи меѓу кои Локалниот младински совет и млади лица, млади претприемачи, млади иселеници, како и ЛМС и претставници на општината.По завршувањето на работилниците ќе се спроведат анкети и анализа на важечките буџетски програми и политики на општината во однос на родовата еднаквост со фокус на младите во општината, а ќе биде изготвен и мониторинг извештај преку поднесување предлог иницијативи за реализација на одредени проекти.