27. Мај 2017 (kamenica.mk)
Македонска Каменица
На Природно-математичкиот факултет во Скопје на 20. Мај 2017г. се одржа државниот натпревар по предметот Природни науки за ученици од основните училишта. На натпреварот учествуваа сите ученици од државата кои обезбедија учество преку претходно одржаните оштински и регионални натпревари на кои се натпреваруваа во месец Март т.е Април. Учениците од ООУ “Св. Кирил и Методиј” – Македонска Каменица под менторство на одд. наставници Габриела Стоименовска и Виолета Накова ги освоија следниве награди:
IV одд:
– I награда: Андреј Атанасовски (80 поени)
– II награда: Андреј Ристовски (74 поени)
Ментор: одд. наставник Габриела Стоименовска
V одд:
– II награда: Магдалена Ѓорѓиевска (73 поени)
– пофалница:
Ања Спасевска (59 поени)
Алберто Ивановски (57 поени)
Ментор: одд. наставник Виолета Накова