Мотел Мерак – идеално место за ваше прекрасно уживање

Мотел Мерак – Луковица

Идеално место за сите ваши моменти за паметење, поминати во ентериерно ексклузивно уредениот ресторан, опкружен со исклучително убава природа и се разбира богатата кујна со неодоливо вкусна и деликатесна храна!

Се наоѓа на само 3 км од Македонска Каменица на магистралниот пат кон Делчево! Погоден е за ваши кратки и подолги паузи при патувањето. Веднаш и лесно се наоѓа, поседува лесно пристапен и огромен паркинг. Мотел Мерак е како место создадено за ваш “мал одмор” и доколку патувате од подалечните градови (Скопје, Велес, Штип) кон соседна Бугарија и обратно.

Во зависност од вашите потреби и желби, Мотел Мерак може да биде и место каде што Вие би биле одлични домаќини на сите за Вас организирани разни деловни средби или приватни веселби и свечености со секаков повод. Одличната кујна е посебна приказна за себе. Тајната на врвните мајстори во кујната, едноставно се ужива при дегустирањето. Разните специјалитети на менито од Мотел Мерак приготвени на традиционален и автентичен начин се извонреден “делишес” кои едноставно врежуваат спомен на кој што сите добронамерници секогаш повторно му се навраќаат и го прераскажуваат!

Мотел Мерак е каменичка урбана кота од минатото на многу генерации во нашиот град и пошироко со децении наназад. Бројните целовечерни викенд-забави од минатото, првите младалашки пијанства и тинејџерски љубови, менаџерскиот тим на Мотел Мерак повторно ги враќа назад, како ваше секојдневие. Викенд термините се резервирани за ваше опуштање со звуците на племенитата фолклорна и староградска музика. Покрај Мотел Мерак, никогаш само не се поминува, секогаш се застанува!


Повелете во Мотел Мерак и бидете наши гости!
Добредојде за сите!
Искрено Ваш партнер во уживањето, Мотел Мерак –
Луковица!

Leave a Reply

Your email address will not be published.