Момчиња и девојчиња до 13 годишна возраст од ФК “Академија САСА” ќе учестуваат на Зимскиот фудбалски камп – Дојран 2024

ФК Академија САСА Македонска Каменица го најави учеството на Зимскиот фудбалски камп – Дојран 2024. Можат да се пријавуваат момчиња и девојчиња до 13 годишна возраст. Пријавувањето трае до 10. Јануари.

– Зимскиот фудбалски камп Дојран 2024 ќе се одвива во периодот од 25 до 28 јануари. Вклучува тренинзи во четири денови на стадионот Дојранско езеро, со три ноќевања во хотел “Истатов”, – истакнуваат од ФК “Академија САСА”. Многу дружење, учење и нови знаења за лично и тимско подобрување во фудбалската игра.


Зимскиот фудбалски камп се реализира во соработка помеѓу ЖФК Каменица САСА и ФК Академија САСА!

Повеќе информации за Зимскиот камп Дојран 2024 можат да се добијат на следниов контакт телефон +38970877228.

Leave a Reply

Your email address will not be published.