Мила Талевска го продолжи договорот со ЖФК Каменица САСА

Лидер, гордост, класа – зборови со кои ЖФК Каменица САСА ја опиша фантастичната Мила Талевска при продолжувањето меѓусебната соработка до 30. 06.2025 година.

– Талевска е една од нашите капитенки и веќе 4.5 години е срцето на нашиот тим. Една од главните виновнички за освојувањето на двете титули во последните три сезони и освојувањето на Купот на Македонија. Незаменливата Мила Талевска денеска стави потпис на нов договор со кој ја продолжуваме успешната соработка до 30.06.2025 година. Пресреќни сме што те имаме и што ќе газиме заедно како и до сега, – стои во соопштението од ЖФК Каменица САСА

#ОдимеНапред #ОдимеДоКрај

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *