Викендот што претстои (24 и 25 септември), Македонска Каменица и КК „Баскет Кам“ ќе бидат домаќини на првиот меѓународен кошаркарски турнир „Каменица 2016“. Покрај КК „Баскет Кам“ на турнирот ќе учествуваат и екипите на КК Бадел 1862 од Скопје и БК „Рилски спортист“ од Самоков, Бугарија.
Натпреварите ќе си играат во спортската сала на Основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“, а распоредот е следниов:
сабота (24 септември 2016)
16.00 часот – КК Баскет Кам – БК Рилски спортист (М-16) – женска конкуренција
18.00 часот – КК Баскет Кам – БК Рилски спортист (М-16) – машка конкуренција
недела (25 септември 2016)
12.00 часот – КК Бадел 1862 – БК Рилски спортист (М-16) – женска конкуренција
14.00 часот – КК Баскет Кам – БК Рилски спортист (М-16) – машка конкуренција и
17.00 часот – КК Баскет Кам – КК Бадел 1862 (М-16) – женска конкуренција.
Главна цел за организација на турнирот е промоција на кошарката во Македонска Каменица, која веќе може да се пофали со неколку репрезентативци во националните селекции. Очекувањата се дека овој турнир ќе предизвика големо внимание и интерес кај спортската публика и дека ќе стане традиционален.