МЕТЕО на УБ: Времето денес облачно и ветровито со локален дожд

Есен жолто лисје / Фото: Слободен печат – Драган Митрески

Денес времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно со слаб до умерен, а попладне и навечер и тоа особено долж повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во западните предели ќе има услови за локален краткотраен дожд, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени, вели временската прогноза на Славчо Попоски.

временска прогноза, славчо попоски
Временска прогноза на Славчо Попоски / Утрински брифинг

Во Скопје и околината времето ќе биде умерено до значително облачно со слаб до умерен, а попладне и навечер повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 14 степени.

Потоа утре и во сабота времето ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди, додека посончево време ќе имаме во недела. Ќе дува и слаб до умерен, а утре и во сабота и тоа особено Долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Наутро и понатаму ќе биде релативно студено, и минималните температури понекаде ќе се спуштат до околу -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени. Ново зголемување на облачноста, кое ќе донесе повремен локален дожд се очекува во почетокот од следната недела.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *