Месечината се оддалечува од Земјата

Доколку погледнете во Месечината, веројатно не би помислиле дека таа се оддалечува од Земјата. Но научниците го велат токму тоа. Во 1969 година мисиите „Аполо“ на американската вселенска агенција НАСА поставија рефлективни панели на Месечината. Тие покажуваат дека Месечината се оддалечува 3,8 сантиметри од Земјата секоја година.

Група истражувачи од Универзитетот во Утрехт и Универзитетот во Женева користеле повеќе техники за да се обидат да проценат колку време Месечината се оддалечува од Земјата. Според нив, дистанцата помеѓу Земјата и Месечината е директно поврзана со еден од циклусите на Миланковиќ, кои објаснуваат како мали промени во обликот на орбитата и насоката на нејзината оска влијаат врз паѓањето на сончевата светлина на Земјата.


Фото: Pixabay

Станува збор за климатскиот прецесиски циклус, кој е поврзан со менувањето на насоката на вртење на оската на Земјата со текот на времето. Моментално, овој циклус трае околу 21.000 години, но периодот би бил пократок доколку Месечината била поблиску до Земјата.

Врз основа на оваа теорија и користејќи податоци за староста на одредени слоеви на Земјата, научниците пресметале која била оддалеченоста од Месечината до Земјата пред 2,46 милијарди години.

Тие пресметале дека Месечината тогаш била околу 60.000 километри поблиску до Земјата отколку сега. Поради ова, денот траел многу пократко отколку денес – околу 17 часа, според научниците.

Извор: fakulteti.mk The conversation
Насловна фотографија: Pixabay

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *