Менувањето на границите на Косово, опасна теза за Македонија

извор: Телевизија Стар

Професорот на Универзитетот „Џон Хопкинс“, Даниел Сервер вели дека шпекулациите за поделба на Косово не привлекле многу внимание во Вашингтон, но предупреди дека евентуалната промена на границите на Косово би можела да ја отвори Пандорината кутија и да доведе до нестабилност на Западен Балкан, но и на други држави во светот.

Сервер во изјава за Н1 вели дека ако Србија и Косово сакаат да бидат демократски држави и членки на ЕУ, не гледа причина зошто малцинските заедници не би останале тука каде што се – во постоечките граници.

,,Менувањето на границите би довело до нестабилност во Македонија и БиХ, но и во други делови на светот, на пример во Украина и Грузија. САД и ЕУ имаат добар став по прашањето за промена на границите – за целовитост на државите и за неменување на границите, потсетува тој.

Коментирајќи ја изјавата на шефот на дипломатијата на Србија, Ивица Дачиќ дека новата администрација во Вашингтон го менува ставот кон Србија и Косово, Сервер вели дека не мисли оти дошло до промени и дека Вашингтон ги слуша и Белград и Приштина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *