Махир Ајрули стрелаше за нова победа на САСА

Со голот на Махир Ајрули нашата екипа Фк Каменица Саса успеа да слави победа од 1:0 над ФК Башкими.

Одличниот и брз продор по левата страна и прецизното нафрлање на топката од Андреј Симевски, успеа да го искористи Махир Ајрули, кој со силен удар стрелаше за 1:0 и победа на нашата екипа.

Со пожртвуваност и дисциплина во играта на сите поединци, денешната заслужена победа, ја потврдивме со одлична игра и целосна доминација на секој дел од теренот во текот на целиот натпревар. Игравме со борба за секоја топка, одигравме цврст фудбал против добар и искусен противник, – стои во соопштението од клубот по завршувањето на натпреварот “од каде упатуваат огромна благодарност до навивачите и љубителите на фудбалот за силната поддршка од трибините во текот на целиот натпревар”.

Следното коло, нашата екипа ФК Каменица Саса го игра на гостински терен против Победа во Прилеп. Сега, по комплетирањето на 21. Коло од ВМФЛ, нашата екипа има само еден бод помалку од Караорман, односно 3 помалку од Осогово, кое пак доаѓа во Македонска Каменица во рамки на 23. Коло.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *