Матеј Митревски ги започна зимските подготовки со кадетската репрезентација на Македонија

Означен почетокот на зимските активности за кадетите

Машката селекција 2007 на „зимски камп“ во „Кале“

Нема „зимски одмор“ ниту за селекцијата на играчи родени 2007 година (и помлади), затоа што почетокот на оваа седмица, означи и своевидно продолжение на активностите на уште една наша машка репрезентација.

Во репрезентацијата на играчи родени 2007 година (и помлади) е и Матеј Митревски од Македонска Каменица. Станува збор исклучителен млад талент со светла кошаркарска иднина. Веќе неколку сезони бележи одлични натпревари во младинските категории на матичниот клуб Баскет Кам.

Репрезентацијата ќе има доста обврски во оваа календарска година, а ќе бидат заокружени со настап на Европското првенство од Дивизијата „А“, за кошаркари „Под 16“ години кое ова лето ќе се одржи во нашиот главен град-Скопје. Се надеваме на одлични натпревари за репрезентацијата на Македонија од младиот Митревски.

Во периодот до 22. јануари, тренинзите под водство на селекторот Александар Јованчев, и неговите асистенти, ќе се реализираат во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *