Марио Станковски ново засилување на ФК Каменица САСА

Некако во сенка на останатите фаворити во својата второлигашка конкуренција Исток, тимот на САСА од Македонска Каменица не само што ги реализираше своите замисли, цели и амбиции во есенскиог дел од сезоната, туку на пролет планира истите да бидат зголемени и надградени.

Во таа насока, тренерот Мите Митев одлучи да направи извесни рокади во ростерот и на местото на оние кои си заминаа да доведени се неколку новитети. Па така, во преостанатиот дел од сезоната, нападот на САСА ќе го предводи досегашниот член на Работнички, напаѓачот Марио Станковски кому престојот во Каменица, ќе му послужи за еден вид фудбалска рехабилитација што се вели.

„Подолг период сум надвор од терените, пред се од здравствени причини. Затоа потписот со САСА, го сметам како еден мој што се вели втор фудбалски почеток. Се враќам од повреда, имам многу што да покажам и да докажам на терен и да уверам многумина кои не веруваа во мене токму во спротивното. Му благодарам на тренерот Мите Митев, како и на управата на САСА за укажаната доверба и ветувам дека за истата ќе возвратам со добри игри и голови“ – вели младиот Станковски.

Тренерот Митев веќе викендов прави прозивка, со стандардните прегледи, а во понеделник во Каменица се стартува со тренинзи. Закажани се неколку пријателски средби со домашни и противници од соседна Бугарија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *