Манастирско – туристичкиот комплекс Еленец се подготвува за најголемата традиционална манифестација “Бабина Баница 2024”

Здружението на пензионери од Македонска Каменица се подготвува за уште едно издание на најголемата традиционална манифестација “Бабина Баница 2024” која и годинава ќе се одржи на манастирско – туристичкиот комплекс Еленец во село Цера, Македонска Каменица.

– Повелете, на 02. Јуни со почеток од 10:30 часот, заеднички да го проследиме настанот со традиционално приготвување на баница под вршник, со богата културно уметничка програма, музика, песни и ора, – велат во поканата од Здружението на пензионери од Македонска Каменица, кои се и организатори на манифестацијата чија реализација е помогната од Општина Македонска Каменица и Културно информативниот центар “Романса”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *