Малолетници извршиле тешка кражба на градскиот базен во Виница

Вчера по преземени мерки и активности од полициски службеници од ОВР Виница, во полициска станица бил извршен службен разговор со двајца 17-годишници, во присуство на нивните родители, поради постоење основи на сомнение дека ноќта помеѓу 15/16.08.2022 извршиле кривично дело „тешка кражба“ во угостителски објект на градскиот базен во Виница, од каде одзеле поголема количина на производи.

Извршен бил претрес на три локации во Виница, при што во домот на едниот малолетник во Виница биле пронајдени и одземени украдените предмети и тие ќе бидат вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот против лицата до ОЈО ќе биде поднесена соодветна пријава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *