Македонска Каменица ја одбележа 79 годишнината од загинувањето на народниот херој Вера Јоциќ (ФОТО/ВИДЕО)

Македонска Каменица обележа 79 години од загинувањето на народниот херој Вера Јоциќ

 

Oливера Верa Јоциќ е родена во Сингелиќ, Скопско на 21 август 1923 година. Животот го загубила во село Саса, Македонска Каменица, на  22 мај 1944 година. Партизанка, македонски и југословенски првоборец и воено лице постхумно одликувано со Орден на народен херој.

Денес, во Македонска Каменица, со пригодна програма, читање на рецитали и положување на букети свежо цвеќе беа одбележани 79 години откако Вера Јоциќ го положи животот за слободна татковина. На одбележувањето на годишнината од смртта присуствуваа делегации од сите локални институции и претпријатија, како и граѓански организации и делегации со претставници од неколку општествено одговорни компании од Македонска Каменица.

Вера Јоциќ е ранета во Пролетната офанзива кај село Страцин. На 22 мај 1944 година, им подлегнува на повредите во село Саса. Нејзиното херојство е воспеано во прочуената песна „Очи“ и „Љубов“ од Ацо Шопов.

ФОТОГАЛЕРИЈА ОД НАСТАНОТ

ПРЕНОС ВО ЖИВО ОД НАСТАНОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *