Македонска Каменица утре ќе биде без струја

ЕВН денеска испрати известување дека заради градежни работи, Македонска Каменица во текот на утрешниот ден ќе биде без електрична енергија. Поради зафати кои се изведуваат на мостот на Каменичка река, на влезот во градот, ЕВН ќе врши премостување на своите инсталации кои се поставени во овој дел.

Од овие причини, најголем дел од Македонска Каменица ќе нема електрична енергија во неколку периоди од 11.00 до 17.00 часот. ЕВН известува дека овие зафати се неопходни и ги предупредува корисниците да внимаваат на уредите во нивните домови, за да не дојде до предизвикување на штети.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *