Македонска Каменица се збратимува со италијанските општини Рикалдоне, Касине и Аличе Бел Коне

Македонска Каменица се збратимува со италијанските општини Рикалдоне, Касине и Аличе Бел Коне. Збратимувањето се случи во организација на членовите од друштвото ,, Инсиеме” Рикалдоне, МПЦО ,,Св. Архангел Михаил” Неиве и градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски.

Градоначалниците на италијанските општини, како што стои во веста за збратимување на општините, се заблагодарија на Македонците кои лојално, вредно и совесно се интегрираат и учествуваат во сите полиња на италијанското општество. Во поздравните говори на средбата беше истакнато значењето на заедништвото, поддршката од институциите и блиските врски со татковината, како начин за зачувување на македонската култура и традиција во сите простори каде што живеат и работат нашите иселеници.

Настанот беше збогатен со присуството на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Европски Пимен, Директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски и Конзулот од Местре г-дин Стојан Витанов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *