Македонска Каменица одбележа 80 години од загинувањето на народниот херој Вера Јоциќ

Македонска Каменица одбележа 80 години од загинувањето на народниот херој Вера Јоциќ

Македонска Каменица, 22. Мај 2024 година – Oливера Верa Јоциќ е родена во Сингелиќ, Скопско на 21 август 1923 година, а животот го загубила во село Саса, Македонска Каменица, на  22 мај 1944 година. Таа е партизанка, македонски и југословенски првоборец и воено лице одликувано со Орден на народен херој.

Денес, во Македонска Каменица, со пригодна програма и букети цвеќе беа одбележани 80 години откако Вера Јоциќ го положи животот за слободна татковина. На одбележувањето на годишнината од смртта, покрај делегација со градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски букети свежо цвеќе положија претставници од локални претпријатија, установи, организации и институции.

Инаку, Вера Јоциќ беше ранета во Пролетната офанзива кај село Страцин, а на 22 мај 1944 година, во село Саса, им подлегна на повредите. Нејзиното херојство е воспеано во прочуената песна „Очи“ на Ацо Шопов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *