Македонска Каменица: Нова хоризонтална сообраќајна сигнализација и систем „Капка по капка“ за одржување на јавното зеленило

Македонска Каменица, 16.07.2021 година – Како што стои на официјалната страна на општина Македонска Каменица, веднаш по реконструкцијата на најфрекфентните градски улици „Започна обележувањето на хоризонталната сообраќајна сигнализација во централното градско подрачје за зголемена безбедност на учесниците во сообраќајот и граѓаните на Македонска Каменица“.

Исто така, парапалено со оваа активност која ја врши Јавното претпријатие Камена Река се инсталира систем „Капка по капка“, за кој од општината и ЈП Камена Река изјавуваат дека „Инсталираните прскалки и поставените 2500 метри од системот „Капка по капка“ овозможуваат зголемена рационалност во користењето на водните ресурси и олеснето одржување на јавното градско зеленило“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *