Македонска Каменица креира одржлив економски развој на заедницата преку примери од Словенија

Македонска Каменица креира одржлив економски развој на заедницата преку примери од Словенија

Градоначалникот на Македонска Каменица, заедно со претставници од Central Asia Metals, Фондацијата Рудник САСА и PrimePoint Partners, учествуваа на студиско патување во Словенија со цел размена на знаење и учење од словенечките искуства и нивна примена во проектот„Одржлив економски развој на општина Македонска Каменица“.
За време на студиското патување делегацијата оствари состаноци во неколку рударски општини во Словенија, бизнис акцелератори, инкубатори, организации за развој на туризмот, како и локални и регионални агенции за развој кои работат во насока на одржлив локален туризам и економски развој.
Димчо Атанасовски – Градоначалник на Општина Македонска Каменица го изрази своето воодушевување од проектите и практиките што ги реализирале словенечките општини и нивниот развој во атрактивни туристички дестинации во изминатите 20 години. Препознавајќи го потенцијалот за пресликување на овие најдобри практики, градоначалникот изјави: „Ние сме на почетокот на овој процес, а учењето од најдобрите практики и предизвицисо кои се соочиле словенците може навистина да послужат како патоказ во нашите напори за локален економски развој“.
Ивица Талевски, директор на Фондацијата Рудник САСА и заменик генерален директор на Рудник САСА, го истакна значењето на студиското патување, наведувајќи: „Со посетата на овие општини стекнавме доверба дека проектот за економски развој на кој заедно работиме може да биде пресвртница за иднината на заедницата. Секоја заедница е уникатна и треба да ги користи и надградува своите ресурси, но клучот за успехот се луѓето, посветеноста и соработката. Во Словенија, преку учество во бизнис инкубатори и акцелератори, младите активно се вклучуваат во овој процес кој дал дополнителен импулс за локалниот економски развој. Ние сме цврсто решени да соработуваме на овој заеднички проект и да креираме нови можностикои ќе им користат на генерациите што доаѓаат“.
Проектот „Одржлив локален економски развој на Македонска Каменица“има за цел да го поттикне развојот на претприемништвото во областите на одржливиот туризам и земјоделството и да ги подобри вештините на локалните претприемачи за пристап до финансии и адаптација на потребите на пазарот. Значаен дел на оваа иницијатива е развојот на меѓународните односи и соработки, како и учењето од најдобрите практики, но и предизвици на регионално ниво.
„Студиското патување во Словенија послужи како непроценливо искуство за учење од регионалните примери и искуства. Делегацијата од Македонска Каменица,инспирирана од успехот на Словенија, има за цел да го отвори патот за одржлив економски развој во нивната општина, создавајќи просперитетна иднина за локалната заедница“,заклучи Маја Блажев, програмски менаџер и виш советник за развојни програми во PrimePoint Partners.
Локалниот тим за имплементација на PrimePoint Partners изразува срдечна благодарност до домаќините во Словенија за нивното топло гостопримство. Посебна благодарност до општина Велење, словенечкиот инкубатор Саса, општина Трбовље, акцелераторот КАТАПУЛТ, музејот ДРИТЛ, Скијачкиот центар Церкно, општина Идрија, туристичка организација на Церкно, Идријско-Церкновска развојна агенција и други за нивниот придонес во студиското патување.
Прочитајте повеќе:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *