Македонска Каменица беше домаќин на Седница на Советот за развој на Источен плански регион

Македонска Каменица беше домаќин на Седница на Советот за развој на Источен плански регион

Македонска Каменица, 27. Март 2023 година – Денеска, во просториите на Домот на култура во Македонска Каменица се одржа десеттата Седница на Советот за развој на Источен плански регион.

На седницата се усвоија годишните извештаи за работењето на Центарот и за спроведувањето на Програмата за развој на Источен плански регион за 2022 година, – стои во објавата за денешниот настан од Општина Македонска Каменица

Исто така, како што стои во соопштението за јавност од градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, беа усвоени и завршните сметки на Центарот за развој на Источен плански регион, како и одобрувањето на изработената база на регионални потенцијали за Источен плански регион.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *