Македонија се откажа од учеството на „Евровизија“ поради големите трошоци

Македонија се откажа од учеството на „Евровизија“ поради големите трошоци

Фото: Фејсбук/Официјална страница на „Евровизија“

Македонија се откажа од учество на следниот избор за песна на „Евровизија“, што е прв ваков случај од осамостојувањето на држвава, објавуваат повеќе медиуми повикувајќи се на информации од македонската евровизиска делегација и раководството на Македонската радио телевизија (МРТ).

Според објавените информации, предвидено е парите за учество на манифестацијата да се пренаменат за покривање на трошоците за струја на МРТ. Проблем претставуваат големите трошоци за патувањето и престојот во Велика Британија каде што ќе се одржи следното издание на музичката манифестација.

Македонија првпат своеволно се откажува од „Евровизија“, откако од осамостојувањето во неколку наврати не учествуваше поради неисполнување на пропозициите на организаторот ЕБУ. Македонија дебитираше на „Евровизија“ во 1998 година со песната „Не зори зоро“ на Владо Јаневски, а годинава во Торино беше претставена од Андреа со песната „Circles“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *