Како што во телефонски разговор ни соопшти командирот на каменичката противпожарна единица, Малин Трајчевски пожарот кој денеска избувна над м.в Јуручки гробишта, во непосредна близина на врвот Китка, е локализиран и целосно е изгаснат во 15 часот.
Во гасењето на пожарот учествуваа пожарникари од ТППЕ Македонска Каменица. Дел од теренот каде пожарот опустоши над 10 хектари нискостеблеста вегетација и трева е релативно тешко достапен.