Ликовна осмомартовска работилница во Домот на култура во Македонска Каменица

 

Македонска Каменица, 08.03.2022 година – По повод 8. Март – Меѓународниот ден на жената во Домот на Култура во Македонска Каменица беше реализирана Ликовна работилница со ученици од О.О.У”СВ.Кирил и Методиј” и С.О.У.”Миле Јаневски-Џингар”.

Како што истакнува директорот на КИЦ Романса, Гоце Стојановски “Ликовната работилница е реализирана под менторство на наставничката Сањица Левковска и координаторот за еднакви права во локалната самоуправа, Весна Дончевска”, надополнувајќи дека, “изработените тематски ликовни дела ке бидат изложени во фоајето во Домот на Културата во Македонска Каменица”.

“Учениците учесници, заедно со менторот и координаторот на ликовната работилница од КИЦ “Романса” добија Благодарници за успешна соработа во областа на културата и афирмација на заедницата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *