Лазар Стојановски од ФК Каменица Саса заминува во Бугарија

Каменичанецот Лазар Стојановски ја промени средината и во пролетниот дел од сезоната ќе настапува во Бугарија.

18-годишниот играч за врска од Македонска Каменица, во есенскиот дел од првенството играше за ФК Каменица Саса, но нов клуб му е Ќустендил од бугарскиот шампионат.

Младиот Лазар Стојановски, покажа одлична игра на сите натпревари за својот матичен клуб во есенскиот дел, што сигурно е причина повеќе за зголемениот интерес на повеќе клубови од земјава и странство.

За него, Ќустендил од Република Бугарија ќе биде прва странска авантура, иако претходно кратко беше дел од Беласица Петрич.

Стојановски, беше дел и од младинскиот тим на Академија Пандев.

Ова е второ официјално заминување на фудбалер од редовите на ФК Каменица Саса во зимскиот преоден рок во оваа сезона. Претходно, беше објавена вест за заминување на досегашниот прв голман од каменичкиот состав.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *