ЛАЖНА ВЕСТ е дека во сабота ќе дојдат бугарски полицајци во Скопје

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира информациите кои се појавија во некои медиуми дека за безбедноста во сабота на чествувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев во сабота во Скопје, ќе се грижат и бугарски полицајци.

Од МВР велат дека станува збор за комплетна дезинформација и извртување на факти, имајќи ги предвид соопштенијата кои деновиве, во пресрет на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев ги сподели МВР со јавноста, како и неколкуте медиумски гостувања на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски токму на оваа тема. Од министерството велат дека објавувањето на вакви дезинформации е „недозволиво“ и „срамно“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *