КУД “Вера Јоциќ” и Модерато заминуваат на турнеја помеѓу нашите иселеници во Пиемонте, Италија

Македонска Каменица, 22. Јуни 2023 година – Културно уметничкото друштво ,,Вера Јоциќ” од Македонска Каменица со афирмираниот музички состав “Модерато” заминуваат на турнеја во Пиемонте, Италија.

Целта на турнејата, како што информираат од КУД “Вера Јоциќ”, ќе биде промоција на македонскиот толклор и традиција помеѓу нашите иселеници и граѓаните на Пиемонте, Италија. За музичкиот дел и за презентирање на македонските песни ќе се погрижи вокалната исполнителка Елена Велевска.

Настанот ќе се одржи во “Pizza Tre Secoli” во Рикалдоне, на 15. Јули 2023 година, со почеток од 19:00 часот. Влезот е слободен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *