Делчево, 27. Март 2023 година – СВР Штип поднесе кривична пријава против М.Ж. (63) од с.Тработивиште, делчевско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

– На 19.02.2023 околу 14.00 часот во дворното место на нејзината семејна куќа во с.Тработивиште, 63 годишната М.Ж. предизвикала пожар, кој поради ветрот се проширил во околината на имотите и дворовите на соседите. Била опожарена површина од околу 1,5 хектари, а биле доведени во опасност и куќи на соседите.
Извор: Билтен на МВР