Кривична пријава за каменичанец откако нелегално пренел домашни свињи заразени со африканска чума во Кочани

Каменичанец заработи кривична пријава за пренос за заразени животни....

Жител од Македонска Каменица заработи кривична пријава откако нелегално пренел домашни свињи заразени со африканска чума во Кочани, потврдуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Од секторот за здравствена заштита велат дека свињите биле отстранети и се проверува целиот регион дали има потенцијални жаришта или не. Акцијата била направена во соработка со МВР и од агенциајта велат дека во иднина контролите ќе бидат засилени на патишата ќе се проверува дали има превоз на животни или не.

Од агенцијата велат дека зараза засега има во кочаснко во село Тркање и селото Пресека, селото Моштица каде беше првиот случај и ситуацијата во моменот е критична за кочанскиот регион. Кондратенко вели дека сопствениците на свињи да ги пријават веднаш заболување на свињите.

Исто така од агенцијата апелираат дека болното месо никако да не се замрзнува бидејќи вирусот на африкнаска чума најубаво живее на минусни температури и смрзнатото месо може да биде повторно инфетивно и ако било година дена замрзнато. Инаку, овој вирус не е опасен за човекот.

Ширењето на африканската чума е удар и умирање на комапниите кои чуваат фарми со свинско месо, но економската загуба е голема бидејќи оваа болест ги убива свињите, а сите останаите свињи во близана од три километри мора да бидат уништени. Првиот случај оваа година се појави во делчевско во јануари.

Извор: Радио Кочани

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *