Крвава пресметка во Кочани, момче и девојка избодени со нож

Двајца жители на Кочани, момче и девојка, изминатата ноќ биле избодени со нож во тепачка што се случила во градот, соопшти МВР.

Околу еден часот по полноќ, полицијата го уапсила 26-годишниот М.Н. од селото Спанчево, откако било пријавено дека со нож ги нападнал 35-годишниот О.С. и 25-годишната Б.Ј. од Кочани. Поради тешките повреди лицата итно биле пренесени во Клиничката болница во Штип.

 

 

„Ноќеска се примени двајца пациенти со убодни рани и скршеници, при што машкото лице беше во тешка клиничка состојба, со убоди во пределот на вратот и во левата рака, имаше тешко крварење и е однесено во операциона сала каде е извршена интервенција. Подоцна е префрлено на Одделот за анестезија, направено е КТ испитување, не се утврдени други повреди и во моментот е во стабилна состојба. Кај пациентката се констатирани убод со нож и скршеница на клучната коска, таа е надвор од животна опасност и е сместена на Одделот за хирургија, рече докторката Катица Јанева, раководителка на Одделот за анестезија во болницата во Штип.

Од полицијата информираа дека истрагата сè уште е во тек и по комплетирање на случјот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Izvor: slobodenpecat.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *