Кој е просечниот коефициент на интелигенција по земја во светот? Погледнете на кое место е Македонија

Познатиот сајт World Population Review објави мапа на светот според просечниот коефициент на интелигенција.

Како што истакнува сајтот, резултатите од тестовите за интелигенција (IQ) имаат тенденција да го одразуваат квалитетот на образованието и ресурсите достапни за луѓето во нивните локални географски региони.

Областите во светот со пониски IQ резултати имаат тенденција да бидат посиромашни и помалку развиени, особено во областа на образованието, во споредба со земјите со повисоки IQ резултати.

Според нивното истражување, Јапонија е на прво место, а нивниот просечен коефициент на интелигенција е 106,48. Следат Тајван (106,47), Сингапур (105,89), Хонг Конг (105,37), Кина (104,1), Јужна Кореја (102,35), Белорусија (101,6), Финска (101,2), Лихтенштајн (101,07) и Германија (100.7).

Од друга страна, најнискиот коефициент на интелигенција е измерен во Нигерија и тој изнесува 67,8. Следува Етиопија со коефициент 68,4, Бангладеш со 74,3, Кенија со 75,2 и Индија со 76,2.

Извор: mk.tv21.mk

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *